Vendi

Соопштение: Парична награда наменета за граѓаните на Струга

Соопштение:

Струга, 17ти декември, 2020 – Во соработка со различни локални сектори, индивидуални граѓани, невладини, приватни фирми и владини претставници, се обезбедува месечна парична награда наменета за граѓани кои доброволно ќе се погрижат за чистење на градот, почнувајќи од 1ви јануари, 2021год.

Наградата е со цел да се поттикнат и наградат индивидуи кои се грижат за чистотата на градот, особено јавните простори за кои и работниците на комуналното претпријатие се грижат да бидат чисти. Наградата изнесува 6100 ден.(100 €) и ќе боде доделена на победникот секој месец на 25ти. после селекција од приложените фотографии од “пред и после” чистење на местото.

Како да учествувате:

Направете фотографии од јавен простор кој е загаден со ѓубре, па направете фотографии откако просторпт е исчистен. Пратете ги фотографиите на info@lida.gallery

Aко се вклучени повеќе индивидуи во чистењето, да бидат наведени името и презимето на секој од нив. Ако победи вашата група, наградата ќе биде поделена на сите. Исто така, треба да се остави и контакт телефон.

Критериуми за избирање на победник:

Победникот ќе биде избран според големината на осчистениот простор од добиените фотографии.

Победникот ќе биде прогласен на 25ти од секој месец и повикан да ја подигне наградата.

Оваа соработка е покрената од интернационална уметница, Лида Шерафатман, која престојува во Струга од 2018 г. како инспративна средина за сликање и креирање. Таа е обожавател на природата во Македонија и моментално подготвува колекција од уменички дела базирани врз флоралното наследство на територијата на Општина Струга за природно научниот музеј “Незлобински”.

Проектот е поддржан од: Комунално Струга, Адвокатска канцеларија Стојкоски&Ќатоски,Bimedia, Багер Генезис 2.0 Струга, Музеј д-р Никола Незлобински, и Лида Шерафатманд

За сите прашања поврзани со оваа Соопштение, контактирајте ме на: info@lida.gallery